„...Откако не можеле да најдат преноќиште, Јосиф и Марија се засолниле во една пештера близу Витлеем. Таа вечер Марија ќе го роди Исус – синот Божји....“
Ова го вели евангелската традиција. Меѓутоа, она што изостанува во евангелските текстови е точниот датум на исусовото раѓање. Токму ова прашање се уште предизвикува полемика во научните кругови: Зошто токму 25ти декември е земен за датум на раѓањето на Исус Христос?
Голем е бројот на научниците кои потеклото на Божик го бараат во паганската традиција. Тие најчесто го поврзуваат со Сатурналиите – празник кој се славел во антички Рим во периодот меѓу 17ти и 23ти декември во чест на богот Сатурн. Интересно е да се каже дека за време на Сатурналиите, за момент, макар и привидно, исчезнувале социјалните разлики. За време на празникот, робовите се преправале дека се господари, а господарите за момент изигрувале робови.
На 25ти декември следел нов празник: раѓањето на богот Митра или во Рим познат како празник на раѓањето на непобедливото сонце. Според античките Римјани, тоа бил датумот кога се празнувало раѓањето на богот на сонцето – Митра; датум непосредно поврзан со зимскиот солстериј.
Веќе во IV век христијанската Црква ќе го утврди 25ти декември како датум на христовото раѓање. Дали ова било направено под влијание на паганската традиција или се работи за обична коинциденција – прашањето останува да предизвикува полемики во научната јавност. Се е поголем бројот на научниците кои сметаат дека Црквата згрешила во пресметките. Според описот во евангелските текстови воопшто не е исклучено дека раѓањето на Спасителот можеби се случило на пролет наместо во зима. Којзнае?
Наспроти ова, полемика предизвикува и прашањето за точната година на раѓањето на Исус Христос. Првиот сериозен обид да се даде одговор на ова прашање бил направен во 525 год. од страна на римскиот опат Дионисие Мали. Тој, по барање на римскиот папа Јован I (523-526), пресметал дека Исус Христос се родил на 25-ти декември 753 год. според Ab Urbe Condita.
Сепак, за воља на вистината, денес, речиси и да не постои сериозен научник кој не се сомнева во пресметките на Дионисие Мали. Имено, евангелијата според Матеј и Лука (Матеј 2, 1; Лука 1, 5) соопштуваат дека Исус Христос се родил за време на последните години од владеењето на Ирод Велики, кој, пак, умрел во 4 г. пред Ис. Хр. – датум потврден врз основа на повеќе веродостојни извори. Од ова произлегува дека Исус Христос морало да биде роден околу 4 г. од старата ера.
Последните пресметки базирани на историските податоци, библиските текстови и астрономијата, раѓањето на Исус Христос го датираат меѓу 7 и 4 г. од старата ера.
Следува извадок од документарната емисија за историјатот на Божик.
Историја, Религија, Култура, Археологија, Антропологија, Филозофија и се што ќе ми дојде во глава
Historia Magistra VitaeEst
Нашата слика за минатото не секогаш се поклопува со објективните историски факти. Затоа сериозно мораме да размислиме пред да донесеме некој историски суд. При составувањето на мозаикот на историските настани историчарот мора да се надмине самиот себеси, да излезе од сопствената кожа и без разлика на општествено - политичките влијанија и стравот од распетие да ја понуди објективноста како единствена алтернатива
„Честопати, некое безначајно дело или безначаен збор, или дури и шега, подобро го објаснуваат карактерот на човекот отколку битките во кои загинале илјадници борци или најголемите освојувања на градови“
Плутарх (45 – 120?)
„Историчарот треба да биде без човечки стравови, неподмитлив, слободоумен, пријател на отвореноста и вистината. Негово е само да ги соопштува фактите, кукавицата да ја нарекува кукавица без претходно однапред создадено мислење и суд за некој и нешто. Историчарот треба да биде судија, добронамерен кон сите, кој никому не му додава повеќе отколку што заслужува. Треба да живее според своите закони и да гради претстави за историјата ,,како човек отстрана”, а не како припадник на некоја држава или поданик на овој или оној владетел“
Лукијан (120 – 180)
„Историчарот мора да се избрише себеси за да овозможи со посредство на неговото истражување да се искажат помоќните сили наспроти страстите и пристрасностите. Ова е еден од начините самите факти да говорат. Задачата на историската наука е остварените резултати од истражувањето да ги презентира објективно; сосредочувањето врз минатото е потребно за да може минатото и современоста полезно да се проучат заради иднината”
Леополд Вон Ранке (1795 - 1886)
„Секој оној кој измислува лажни револуционерни и други историски преданија и истите му ги сервира на народот, било со предумисла или, пак, поради незнаење, не е помалку виновен од географот кој на морепловците им црта неточни карти“
Пол Лисагарај
револуционер и историограф, учесник во Париската комуна 1871 г.
„Секој период од историјата, било спонтано низ присутните сугестии на вредностите, било организирано преку дејствувањето на државата и на политичките, религиозните и општествените фактори, им наметнува на историчарите насочување на нивната работа и гледишта кои се штетни за научноста. Тука се вбројуваат секогаш присутните митски претстави и колективните илузии, заблуди и предрасуди. За сето тоа историчарот може да биде, а неретко и не е свесен. Доколку строго не се придржува до принципите на научноста историчарот ризикува да стане роб на „лукавиот затвор„ што му го градат идеологиите“
Иван Ѓуриќ (1947 - 1997)
историчар (византолог) и човек кој во 1990 г. имаше храброст да му се спротистави на Слободан Милошевиќ и беше негов против кандидат на првите претседателски избори во Србија. Умира во егзил.
„Секое историско време ги има своите творци и херои. Но пораките на малкумина од нив ги надминуваат границите на конкретната епоха и генерација обраќајки ни се во името на вечноста“
Стефан Влахов – Мицов историчар и филозоф од Бугарија
„Поради тоа што историјата е општествено значајна, потребна ни е историја која е објективна која се огледа од историските факти. Науката треба да се темели на елементарната пристојност, интелектуалната чесност и совесното истражување. Ако воопшто нешто сакаме да научиме од минатото, нашите престави за него не смеат да се засноваат на митови. Митската претстава на нашето минато води кон погрешни правци во нашето однесување во стварноста“
Кнут Челстали
професор по современа историја на универзитетот во Осло
Има некои места каде што ти запира здивот, каде вечноста се чувствува во воздухот и каде времето и минливоста го губат своето значење. Таму на извориштата на спокојот се чувствуваме само како мала капка во морето на историјата.