Нејзиното име е синоним за убавина, моќ, интриги, заводништво и дипломатска способност. Таа се поврзува со многу афери, теории на заговор и задкулисни политички сплетки. По потекло античка Македонка, таа пленела со својот шарм, убавина и интелигенција. Со полно право важи за најубавата и најпозната владетелка на антички Египет од династијата на Птолемаидите.
Следува видео прилог на National Geographic за последната кралица од династијата на Птолемаидите - Клеопатра.
видео: National Geographic - Secrets Of Cleopatra
Велат дека пролетта е едно од најубавите годишни времиња. Денес имав прилика да се уверам во тоа. Првомајска прошетка до врвот на Водно и фотоапарат во рацете. Следуваат фотографии за пролетта распослана на падините на Водно.
* Пролет на падините Водно
Проект за популаризација и афирмација на македонското писмо
„Повторно се обидуваме да правиме
нешто со јазикот и да покажеме
колку е тој важен бидејќи без јазик
нема ни идентитет,
ни нација, нема ништо“
Иво Лауренчиќ, еден од иницијаторите на кампањата
„Се надевам дека ќе се најде сила
да се истурка оваа кампања
и надвор од Македонија.
Кирилицата тргнала од овде
и се раширила во други земји,
зошто да не биде истото
и со овој проект“
Гоце Смилевски, писател








